Изгаснатите пожари биле во повеќе делови од земјата каде гореле шума, ниска вегетација, стрниште, ѓубре и депонии

Дваесети и четири пожари на отворен простор се регистрирани во земјава во изминатото деноноќие, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК). Оттаму велат дека до утринава до 7:30 часот нема активни пожари, а под контрола е еден. Останатите 23 се изгаснати.
Од ЦУК велат дека сè уште гори во Општина Македонски Брод, кај селото Белица и местото викано Кајорец кон Јасен каде што е зафтена нискостеблеста и мешана шума, но пожарот е под контрола.
Изгаснатите пожари биле во повеќе делови од земјата каде гореле шума, ниска вегетација, стрниште, ѓубре и депонии.
