До крајот на работната седмица ќе се задржи претежно сончево време со мала до умерена облачност

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Во попладневните часови локално ќе има врнежи од дожд и засилен ветер. На некои места ќе има услови за нестабилност во форма на невреме со пороен дожд, грмежи и појава на град. Во текот на денот ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Утринската температура ќе биде во интервал од 8 до 16, а дневната ќе се движи од 19 до 29 степени.
И во Скопје, времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Во делови од котлината ќе има услови за нестабилност проследена со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 14, а максималната ќе достигне до 24 степени.
За утре во попладневните часови метеоролозите најавуваат врнежи од дожд и засилен ветер, а ќе има услови и за нестабилност во форма на невреме со пороен дожд, грмежи и појава на град. Утре ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, а од среда ветерот ќе го смени правецот во југоисточен.
Според прогнозата од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), до крајот на работната седмица ќе се задржи претежно сончево време со мала до умерена облачност.
