По објавата на Трамп, украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Киев е подготвен да ги прекине нападите врз Русија доколку сојузниците осигураат дека Москва ќе престане со своите напади на украинските енергетски објекти, инфраструктура и патишта за снабдување со храна
Кремљ го поздрави повикот на Трамп до Украина да ги запре нападите врз руската енергетска инфраструктура, но портпаролот Дмитриј Песков не прецизираше дали Москва ќе одговори на идентичен начин
Американскиот претседател Доналд Трамп соопшти дека Русија и Украина се согласиле да ги прекинат меѓусебните напади врз енергетската инфраструктура, еден ден откако го критикуваше Киев за нападот врз руските рафинерии за нафта.

„Украина се согласи да не ги таргетира руските енергетски цели. Русија се согласи да го стори истото“,
напиша Трамп на неговата социјална платформа Трут соушл (Truth Social).
Во објавата, тој додава дека зголемувањето на цените на дизелот во светот е главно последица на војната меѓу Русија и Украина, а не на конфликтот на САД со Иран.
Изјавите на Трамп доаѓаат во време кога цените на нафтата на светскиот пазар растат поради војната на Блискиот Исток, што дополнително ја поттикна инфлацијата и порастот на цените на горивата во Соединетите Американски Држави, два месеци пред среднорочните избори за Сенатот и Претставничкиот дом.
По објавата на Трамп, украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Киев е подготвен да ги прекине нападите врз Русија доколку сојузниците осигураат дека Москва ќе престане со своите напади на украинските енергетски објекти, инфраструктура и патишта за снабдување со храна.
„Во моментов постои сериозен предлог од САД за взаемно запирање на нападите врз критичната инфраструктура. Доколку ова може да стане првиот чекор кон деескалација – чекор кон прекин на руските напади врз нашата критична инфраструктура и на нашите напади – тогаш Украина е подготвена да ја поддржи деескалацијата. Потребен е мир. Енергетиката, рутите за транспорт на храна, критичната инфраструктура – сето ова мора да биде дел од дискусијата за запирање на нападите. Потребно ни е цврсто и праведно решение, и тоа не само за ‘изборите’, туку трајно. Очекуваме конкретни потези од нашите партнери“,
наведе Зеленски на социјалната платформа Икс.
There is now a strong U.S. proposal for a mutual halt to strikes on critical infrastructure. If this can become the first de-escalatory step – a step toward ending Russian strikes on our critical infrastructure and our strikes in response – then Ukraine is ready to support… pic.twitter.com/7oGGi5h0Sr
— Volodymyr Zelenskyy / Володимир Зеленський (@ZelenskyyUa) September 14, 2026
Кремљ го поздрави повикот на Трамп до Украина да ги запре нападите врз руската енергетска инфраструктура, но портпаролот Дмитриј Песков не прецизираше дали Москва ќе одговори на идентичен начин.
Песков рече дека руските сили ќе продолжат со операциите низ Украина.
За време на својата посета на Ирска, американскиот претседател, упати јавен повик до својот украински колега да ги прекине нападите врз руската дизел-инфраструктура. Одговарајќи на новинарски прашања, Трамп изјави дека веќе разговарал со Зеленски на оваа тема, сугерирајќи му да избира други воени цели, но не и нафтените капацитети, бидејќи нивното уништување предизвикува сериозен недостиг на дизел-гориво.
„Постојат многу други цели. Не го таргетирајте дизел горивото“,
им рече Трамп на новинарите.
Повиците на Трамп дојдоа една недела откако неговите пратеници Стив Виткоф и Џаред Кушнер ги посетија Киев и Москва во најновиот дипломатски напор на САД да ги доближат двете страните до преговори.
Иако сите страни ги оценија разговорите како „суштински“, ситуацијата на фронтот не се промени. Русија продолжува со нападите врз Украина, гаѓајќи ја цивилната, логистичката и енергетската инфраструктура на земјата во пресрет на зимата.
Украина, од друга страна, продолжи со нападите со беспилотни летала со долг дострел врз енергетски и воени цели во Русија. Киев ги нарекува операциите „санкции со долг дострел“, а нивна цел е да ги намали приходите на Русија продажба на енергенси и изврши притисок врз Москва да седне на преговарачка маса.
Од почетокот на летото, украинските напади со беспилотни летала предизвикаа недостиг на гориво во неколку делови од Русија и го зголемија незадоволството кај граѓаните кои досега се чувствуваа оддалечени од војната што трае веќе пет години.
