„Очекуваме, како што опаѓаат температурите, да заврши и оваа епидемија, бидејќи според светските статистики, така се одвиваат епидемиите, во доцните летни месеци, односно во септември, се очекува пад“, рече тој
Во текот на последната недела имаме само еден суспектен хоспитализран пациент, што значи дека состојбата со западнонилката треска стивнува, рече денеска во изјава за медиумите директорот на Инфективната клиника во Скопје, Фадил Цана.

„На Клиниката се хоспитализирани седум пациенти. Во текот на последната недела, да не кажам и десетина дена, имаме само еден суспектен хоспитализиран пациент, додека другите се истите шест потврдени пациенти. Од нив, двајца се потешко болни и сè уште се на респираторна поддршка во Одделот за интензивна нега. Останатите се стабилни и се на Одделот за невроинфекции“,
вели тој.
Очекува со намалувањето на температурите дополнително да се намали бројот на случаи на западнонилска треска.
„Очекуваме, како што опаѓаат температурите, да заврши и оваа епидемија, бидејќи според светските статистики, така се одвиваат епидемиите, во доцните летни месеци, односно во септември, се очекува пад. Но, мора да кажеме и дека по преземените мерки од здравствените и локалните власти, особено во општините што беа зафатени со епидемијата, се гледаат резултати и имаме намален број на инфицирани“,
рече Цана.
