На новинарско прашање дали би можеле да очекуваме откочување на процесот за пристапни преговори со Европската Унија, рече дека во изминатиот период се вложуваат значителни напори за создавање услови за ваков чекор
Евроамбасадорот Михалис Рокас денеска најави оти претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во наредните недели ќе го посети регионот, изразувајќи надеж дека тоа ќе даде дополнителен поттик за европската интеграција, но и одлучувачки чекор кон почнување на пристапните преговори на земјата со Европската Унија.

Тој денеска присуствуваше на настан на граничниот премин „Табановце“, а на новинарско прашање дали би можеле да очекуваме откочување на процесот за пристапни преговори со Европската Унија, рече дека во изминатиот период се вложуваат значителни напори за создавање услови за ваков чекор.
„Се надевам дека набргу ќе имаме регионална посета од страна на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен. Таа треба да се реализира за две до три недели, така што се надевам дека нејзината посета ќе биде уште еден одлучувачки чекор кон почнување на пристапните чекори со Европската Унија“,
рече тој.
На дополнително прашање дали има информации за носење уставни измени со одложено дејство со цел одблокирање на интегративниот процес, рече дека не може да сподели такви информации во јавноста.
