Засега не е познато кој стои зад нападот, ниту дали се оштетени делови од цевководот. Според изјави на американски функционери дадени за Си-ен-ен, нафтоводот е погоден од беспилотни летала што дошле од правец на Ирак
Нападнатиот цевковод стана клучен за Саудиска Арабија од почетокот на војната меѓу САД и Иран, овозможувајќи транспорт на околу пет милиони барели нафта дневно, која дотогаш се транспортираше со танкери преку Персискиот Залив
Во ракетен напад е погоден клучен систем на нафтоводи во Саудиска Арабија, соопшти Си-ен-ен. Предизвикани се повеќе пожари, а нафтоводот е затворен како мерка на претпазливост.

Првичната анализа покажа дека се погодени пумпните станици лоцирани веднаш до самиот нафтовод, но сателитските снимки покажуваат големи штети од пожар на една од пумпните станици, додека од друга пумпна станица има помал пожар од кој се издига густ и црн чад.
Засега не е познато кој стои зад нападот, ниту дали се оштетени делови од цевководот. Според изјави на американски функционери дадени за Си-ен-ен, нафтоводот е погоден од беспилотни летала што дошле од правец на Ирак.
Нападите врз нафтоводот следат само неколку дена откако Хутите зазедоа стратешки важен пристанишен град на Црвеното Море во Јемен, што може дополнително да го загрози транспортот на енергија во регионот.
Нападнатиот цевковод стана клучен за Саудиска Арабија од почетокот на војната меѓу САД и Иран, овозможувајќи транспорт на околу пет милиони барели нафта дневно, која дотогаш се транспортираше со танкери преку Персискиот Залив.
Поправката на пумпните станици би можела да биде полесна од санирањето на евентуалните сериозни оштетувања на самиот цевковод.
Нападот врз гасоводот се случи и откако Саудиска Арабија го информираше ОПЕК дека нејзиното производство на сурова нафта минатиот месец нагло се намалило, достигнувајќи го најниско ниво од 1990 година.
