Од ЦУК велат дека целосно се изгаснати 20 пожари во повеќе општини каде горела ниска вегетација, грмушки, борова и мешана шума, стрништа и ѓубре

Во изминатото деноноќие на територијата на државата се регистрирани вкупно 26 пожари на отворен простор. Според најновите информации од Центарот за управување со кризи (ЦУК), заклучно со 7:30 часот утрово, два пожари сè уште се активни, четири се локализирани и ставени под контрола, додека 20 се целосно изгаснати.
Од ЦУК велат дека е активен пожарот во Општина Сарај меѓу селата Копаница и Радуша, каде што горат нискостеблеста шума и ниска вегетација.
Сè уште гори и во Општина Штип меѓу селата Селце, Пухче, Степанци и Лакавица, каде што исто така е зафатена ниска вегетација.
Под контрола се ставени четири пожари, и тоа во реонот меѓу селата Битово, Заград и Страјане во Општина Македонски Брод каде се зафатени нискостеблеста шума, ниска вегетација, пасишта и папрат. Исто така, под контрола се и пожарите во селото Драгов Дол во Општина Македонски Брод, над селото Палиград во Општина Зелениково и на градската депонија во Делчево.
Од ЦУК велат дека целосно се изгаснати 20 пожари во повеќе општини каде горелe ниска вегетација, грмушки, борова и мешана шума, стрништа и ѓубре.
