Најновата ескалација започна вчера, кога американските сили нападнаа два ирански ракетни лансери на островот Ларак, во Ормускиот Teснец. Според американската Централна команда, нападот следел откако иранските сили биле забележани како се подготвуваат да лансираат ракети со морски мини во Теснецот
Нафтениот пазар сега повторно се соочува со неизвесност дали најновата размена на напади ќе остане ограничена или ќе доведе до поголеми нарушувања на извозот на нафта од Персискиот Залив
Цените на нафтата од утрово пораснаа, откако Соединетите Американски Држави (САД) извршија напад врз Иран првпат по повеќе од еден месец, а Иран возврати со напади врз американски воени бази во Јордан.

Фјучерсите на ВТИ претходнио месец се тргуваа по 85,46 долари за барел, што претставува раст од 2,47 отсто, додека фјучерсите на „брент“ поскапеа за 2,71 отсто, на 90,49 долари за барел.
Иако „брент“ повторно се искачи над 90 долари за барел, цената останува значително под нивоата достигнати во претходните фази од војната. Двата главни референтни показатели минатата недела паднаа за повеќе од четири отсто.
Нафтениот пазар сега повторно се соочува со неизвесност дали најновата размена на напади ќе остане ограничена или ќе доведе до поголеми нарушувања на извозот на нафта од Персискиот Залив.
Сепак, сообраќајот низ Ормускиот Теснец останува значително намален во однос на периодот пред почетокот на војната.
Во текот на викендот, бројот на видливи комерцијални бродови што транзитирале низ теснецот се намалил на околу пет дневно.
Најновата ескалација започна вчера, кога американските сили нападнаа два ирански ракетни лансери на островот Ларак, во Ормускиот Теснец. Според американската Централна команда, нападот следел откако иранските сили биле забележани како се подготвуваат да лансираат ракети со морски мини во Теснецот.
Иран возврати со балистички ракети и беспилотни летала насочени кон американски воени инсталации во Јордан. Јорданските вооружени сили соопштија дека нивната воздушна одбрана пресретнала и уништила осум ракети кои влегле во јорданскиот воздушен простор.
Нападите врз бродови, блокадата на САД и повторните обиди за поставување мини укажуваат дека геополитичката премија во цената на нафтата најверојатно ќе остане присутна и во наредниот период.
