Патувањето од Зелениково до Скопје и обратно ќе трае околу 25 минути. Билетот во еден правец ќе чини 40 денари, додека повратниот билет ќе изнесува 70 денари
Од 1 септември почнува да сообраќа градскиот воз на релација од Зелениково до Транспортен центар, информираат од Јавното претпријатие „Железници инфраструктура“.

Билетот во еден правец ќе чини 40 денари, додека повратниот билет ќе изнесува 70 денари.
Возот на таа релација ќе сообраќа осум пати дневно во двата правца.
Од Зелениково ќе застанува на станиците Зелениково Ново, Орешани, Јане Сандански, Драчево и Лисиче, а крајната станица ќе биде Железничката станица Скопје.
Од Зелениково возовите ќе тргнуваат во 6:20, 8:30, 12:26, 14:00, 16:25, 18:30, 20:12 и 21:55 часот. Во обратен правец, од Железничката станица Скопје, поаѓањата се во 5:32, 7:30, 11:40, 13:20, 15:42, 17:45, 19:12 и 20:56 часот.
Патувањето од Зелениково до Скопје и обратно ќе трае околу 25 минути, зависно од поаѓањето. Возниот ред е усогласен со распоредот на ЈСП Скопје.
Железничката врска е долга 24,5 километри, а во нејзината реализација се инвестирани 5,7 милиони евра. Со нејзиното пуштање во сообраќај се реализира првата фаза од најавениот проект „Градски воз“.
Втората делница предвидува поврзување од Миладиновци преку Илинден и Маџари до централната железничка станица во Скопје, додека третата делница ќе се протега од централната железничка станица преку Скопје Север и Ѓорче Петров до Волково.
