Според Управата за хидрометеролошки работи, утре и за време на викендот се очекува променлива временска состојба. Претпладне ќе биде сончево и топло, а во попладневните часови наместа ќе има појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, која наместа ќе биде изразена во форма на невреме
Сончево и топло време, со мала до умерена локална облачност и услови за краткотрајна нестабилност во попладевните часови прогнозираат од Управата за хидрометеоролошки работи за денешниот ден. Ветерот ќе биде до умерен и ќе дува од северозападен правец.

Утринската температура ќе се движи од 15 до 22 Целзиусови степени, а максималната дневна ќе достигне од 31 до 39 степени.
Во Скопје, според синоптичарите, се очекува слично време, сончево и топло со мала до умерена облачност и слаб до умерен ветер од променлив правец. Дневната температура во главниот град ќе се искачи до 39 степени, а идентична температура метеоролозите најавуваат и за Демир Капија.
Според Управата за хидрометеролошки работи, утре и за време на викендот се очекува променлива временска состојба. Претпладне ќе биде сончево и топло, а во попалдневните часови наместа ќе има појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално, процесите ќе бидат во форма на невреме со пороен дожд, силен ветер и услови за појава на град.
На почетокот на следната седмица, метеоролозите најавуваат претежно сончево и топло време.
