Директорот на Инфективната клиника, Фадил Цана, информира дека пациентката имала многу придружни хронични заболувања, клиничкиот тек бил многу тежок и настапил смртен исход
Нов смртен случај од западнонилска треска е регистриран во земјава. Станува збор за 66-годишна пациентка од Росоман, кај која бил потврден тежок облик на западнонилска треска, со засегнат централен нервен систем.

Директорот на Инфективната клиника во Скопје, Фадил Цана, информира дека пациентката имала многу придружни хронични заболувања, клиничкиот тек бил многу тежок и настапил смртен исход.
Со ова, бројот на смрни случаи од западнонилска треска во земјава се искачи на 11.
„На Клиниката е хоспитализирана уште една пациентка со тешка форма на западнонилска треска, која подолго време е на одделот за интензивно лекување и е на механичка вентилација. Таа е на Клиниката речиси еден месец“,
изјави директорот на Инфективната клиника.
Добро е, вели Цана, што од 25 септември нема нови хоспитализации со западнонилска треска.
