Реакцијата на владејачката партија следува откако социјалдемократите побараа Владата да го намали ДДВ за горивата од 18 на 5 отсто, како и акцизите за 50 проценти
Не можете да се помирите со тоа што Македонија има најниски цени на горивата во регионот – велат од владејачката ВМРО-ДПМНЕ откако од СДСМ побараа Владата да го намали ДДВ за горивата од 18 на 5 отсто, како и акцизите за 50 проценти.

„СДС не може да се помири со реалност и состојбите во државата. Во време на една од најголемите светски кризи предизвикани од немирите на Блискиот Исток, Македонија успева да ги задржи цените на нафтените деривати на најниско ниво од сите земји во регионот. Тоа е директен резултат на мерките преземени од Владата“,
велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата на Христијан Мицкоски оценија дека СДСМ нема идеи за добри мерки, обвинувајќи додека биле на власт, во државата имало инфлација од 16 отсто. Затоа, велат од ВМРО-ДПМНЕ, опозицијата нека гледа и нека учи како се следат состојбите, како се води државата и како се работи во интерес на граѓаните и државата
