Целта на протестот, како што велат од „Макам-транс“, е да се испрати јасна порака дека професионалните возачи треба да имаат соодветно решение што ќе ги земе предвид специфичностите на нивната работа и ќе им овозможи непречено одвивање на превозот
Вакви протести, како што пред два дена соопштија од „Макам-транс“, покрај во земјава, истиот ден ќе се одржат и во Србија, Босна и Херцеговина (БиХ) во временскиот период од 12 до 14 часот
Асоцијацијата „Макам-транс“ денеска на Фејсбук ги повика превозниците, професионалните возачи и своите членови на 31 август (понеделник) да излезат на протест пред седиштето на Делегацијата на Европската Унија во Скопје поради проблемите со правилото 90/180 дена за престој во Шенген-зоната, кои настанаа по воведувањето на системот за влез и излез – ЕЕС (Entry/Exit System) во Европската Унија.

Предвидено е протестот да трае два часа, односно од 12 до 14 часот пред зградата на Делегацијата на ЕУ во центарот на Скопје.
„Ве повикуваме да бидеме што побројни. Само обединети можеме да бидеме слушнати“,
се вели во повикот објавен на Фесбук.
Целта на протестот, како што велат од „Макам-транс“, е да се испрати јасна порака дека професионалните возачи треба да имаат соодветно решение што ќе ги земе в предви специфичностите на нивната работа и ќе им овозможи непречено одвивање на превозот.
Вакви протести, како што пред два дена соопштија од „Макам-транс“, покрај во земјава, истиот ден ќе се одржат и во Србија, Босна и Херцеговина (БиХ) во временскиот период од 12 до 14 часот.
Превозниците ќе го одржат протестот еден ден пред состанокот на Работната група во Брисел.
„Доколку на состанокот не се донесе преодно решение за престој на возачите во Шенген-зоната, предложено е да се одржи протест на граничните премини на секоја држава поодделно со почеток на 14.09.2026 година“,
се вели во соопштението на Асоцијацијата.
Прашан за коментар за најавените протести на транспортерите, вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски пред два дена изјави дека како влада имаат целосно разбирање за проблемот на превозниците и се обидуваат да го решат во рамките на нејзините можности.
Посочи дека станува збор за правила кои ги уредува Шенген-зоната и она што тие како извршна власт во земјава можат да го направат и го прават е да помогнат преку потпишување билатерални договори со земјите од Шенген.
Според него, веќе се постигнати договори со неколку земји, а во следниот период интензивно ќе се работи и на договори со други држави од Шенген-зоната.
Како што прецизира тој, договори веќе има со Швајцарија, Хрватска и Романија, а во септември и октомври се најавенби средби со австриската и словенечката влада за постигнување вакви билатерални договори.
„Гледаме генерално да ги покриеме рутите каде што македонските транспортери најчесто одат. Со Швајцарија веќе има одговор, со Хрватска има договор, со Романија има договор, како што кажав, следни за разговори се Австрија и Словенија и исто така работиме со Германија, така што на тој начин ги покриваме земјите каде што има најголема фреквенција и тоа е она што ние можеме да го направиме и го правиме во овој период“,
изјави тој.
Николоски и во јули изјави дека проблемот со професионалните возачи земјава го решава самостојно преку билатерални разговори со држави од Европската Унија, а не заедно со другите земји до Западен Балкан.
Инаку, здруженијата на превозници од Западен Балкан, на регионалната средба што кон средината на месецов се одржа во Скопје, рекоа дека ќе го чекаат закажаниот состанок на повисоко ниво со претставници на Европската комисија во Брисел од чиј исход ќе зависи дали ќе преминат кон протести.
Македонските, како и професионалните возачи на камиони од Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина, од крајот на минатата година се соочија со проблем откако почна воведувањето на системот за влез и за излез од Европската Унија (ЕЕС), според кој превозниците од Западен Балкан се регистрираат како туристи и можат да останат во земјите од ЕУ најмногу 90 дена, во период од 180 дена.
