Од владејачката партија велат дека во последните неколку година имаат јасна доверба од граѓаните
ВМРО-ДПМНЕ во писмена реакција како манипулација го оцени ставот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) дека владејчката партија и премиерот Христијан Мицкоски бараат алиби за распишување предвремени парламентарни избори.

Оттаму ѝ порачуваат на опозициската партија и нејзиниот лидер Венко Филипче, за кого велат дека на функцијата е поставен од експретседателот на СДСМ и поранешен премиер Зоран Заев, треба да разберат дека поддршката за да се дојде на власт се бара од граѓаните.
„СДС како опозициска партија наместо да работи на тоа да си го одржи барем членството, тие се занимаваат со манипулации. СДС и претседателот Венко Филипче, поставен на оваа функција од другар му Зоран Заев, никако да разберат дека поддршката за да се дојде на власт се бара од граѓаните. Да, граѓаните се единствени кои даваат и земаат доверба и даваат и земаат власт“,
се вели во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ.
Од владејачката партија велат дека во последните неколку година имаат јасна доверба од граѓаните, поради што секојдневно работат за животниот стандард на секој еден граѓанин и околина во која важат европски стандарди.
Во однос на изборите, оттаму му порачуваат на СДСМ да не измислува и да не зборуваат дека немало да бидат алиби за избори, бидејќи ВМРО-ДПМНЕ не бара такво нешто.
„ВМРО-ДПМНЕ во текот на своето постоење прави само едно, мисли и работи за граѓаните, не бара никакво алиби“,
наведуваат од владејачката партија.
Од опозициската партија, денеска преку соопштени повторно и обвинија Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ дека бараат алиби за распишување предвремени парламентарни избори, порачувајќи дека нема да учествуваат во, како што ја нарекуваат режината престава, ниту пак ќе му дадат легитимитет на премиерот.
Во соопштението од СДСМ нагласуваат дека изборите во земјава се планираат во исто време со оние во Србија, најавени од Александар Вучиќ, а како поткрепа за ова се посочуваат средбите на Иван Стоилковиќ со српската СНС.
Прашањето за предвремени парламентарни избори изминатава недела во политичкиот дискурс го актуализираше премиерот Христијан Мицкоски кој рече дека доколку опозицијата побара предвремени парламентарни избори од ВМРО-ДПМНЕ, тие во секое време се подготвени да излезат.
Опозициската СДСМ на ова одговори оти нема да биде алиби на власта на премиерот Христијан Мицкоски за предвремени парламентрани избори и оти тие како партија својот став по однос на предвремени парламентарни избори го кажале повеќепати досега, а тој е дека нив ќе ги закаже премиерот, кој ја има апсолутната власт во државата.
Од опозициската ДУИ, пак, побараа позицијата на премиерот за предвремени избори веднаш да се спроведе, наведувајќи дека доколку понудата на Мицкоски е сериозна, тогаш нема причина за одложувања, изговори или политички калкулации.
Вчера и од партијата Левица рекоа дека ја прифаќаат идејата на Мицкоски за предвремени парламентарни избори и повикаа на истите. Сметаат дека, можат да ги обединат сите кои сакаат општество поинакво од она што го нудат ДПМНЕ и старите политички елити.
