Во јуни просечната исплатена нето-плата бележи пад откако претходно три месеци беше во пораст. Имено, во март таа била 48 433, во април изнесувала 48 779, а во мај просечната исплатена нето-плата била 49 544 денари

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во јуни годинава изнесувала 48 381 денар и бележи раст од 6,4 проценти во споредба со истиот месец минатата година, објави денеска Државниот завод за статистика (ДЗС).
Според податоците на ДЗС, годишниот раст на платите најмногу се должи на зголемувањето на просечната нето-плата во неколку сектори. Административните и помошни услужни дејности имаат раст од 10,6 отсто, земјоделство, шумарство и рибарство пораснале за 8,1 проценти, а во транспортот и складирање растот е 8 отсто.
Од друга страна, во споредба со претходниот месец, забележано е намалување на просечната исплатена нето-плата во неколку гранки. Најголем пад е регистриран во секторот трговија на големо и мало и поправка на моторни возила за 9 отсто, по што следуваат уметност, забава и рекреација со пад од 6,2 проценти и снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 5,9 проценти.
Ако се споредат податоците објавени на Државниот завод за статистика за претходните месеци, може да се види дека просечната исплатена нето-плата во јуни е пониска за 1 163 денари во споредба со мај годинава.
Во јуни просечната исплатена нето-плата бележи пад откако претходно три месеци била во пораст.
Имено, во март била 48 433, во април изнесувала 48 779, а мај просечната исплатена нето-плата била 49 544 денари. Ова значи дека просечната плата за јуни е пониска од онаа во април и во март.
Во првите два месеца од годината таа била пониска во споредба со јуни – во јануари изнесувала 46 617, а во февруари 46 159 денари.

