До 11.30 часот на гласаачите места на парламентарните избори во Хрватска излегле 18,09 осто од гласачите, соопшти државната изборна комисија.
До пред пладне гласале 620 илјади гласачи, што е околу 20 илјади помалку отколку на изборите во 2016 година, објави агенцијата Хина, правејќи споредба со излезноста пред 4 години кога во истиот период гласале 18,07 отсто од избирачите.

Новите податоци за излезноста на десеттите по ред парламентарни избори во независна Хрватска ќе бидат објавени во 17 часот.
На изборите учествуваат 192 избирачки листи, со 2 700 кандидати. Право на глас имаат 3,86 милиони избирачи, кои гласаат на околу 7 000 избирачки места во земјата и во странство.
Според анкетите, мала, но, сепак, некаква предност за победа на изборите и се дава на коалицијата од партии „Рестарт“, собрани околу опозициската левичарска Социјалдемократска партија (СДП), чиј претседател е Давор Бернардиќ.

Втора, според анкетите на јавното мислење, е Хрватската демократска заедница (ХДЗ), на актуелниот премиер Андреј Пленковиќ. Сериозна конкуренција на ХДЗ во десниот табор е движењето Домовински покрет, формирано од пејачот Мирослав Шкоро, поранешен кандидат за хрватски претседател.
Хрватскиот парламент брои 151 член, а според проценките на ХРТ, релативен победник во сите 10 изборни единици би можела да биде коалицијата на СДП со 60 места, на второ е ХДЗ со 54 места, а трета Домовински покрет со 18 места.