СДСМ поднеле кривични пријави за незаконско прислушување и незаконско снимање во врска со аудиоразговорите кои од почетокот на кампањата речиси секојдневно се пуштаат на новокреирани канали на Јутјуб и на кои се случаат гласовите или се споменуваат имињата на високи партиски фунцкионери на обете партии, ексфункционери и бизнисмени.
„Поднесовме веќе кривични пријави за незаконско прислушување, за незаконско снимање кое што се случува и бараме тоа да се истера на крај. Не заради тоа што се плашиме од тие разговори, а тоа е пример како треба да се однесуваат и сите други коишто се цел на вакво незаконско прислушување. Законот вели дека е кривично дело незаконското прислушување дури и кога седиме на состанок и некој снима не мора телефонски да разговараме, снимањето е недозволиво, секако освен ако е објавено јавно за потребите на стенограми или било што од одредени состаноци. За тоа треба да постои одговорност“,
вели лидерот на СДСМ Зоран Заев кој и самиот беше дел од ваквите „бомби“.
Тој вели дека кривичните се поднесени без разлика дали таргет е опозицијата или владејачката партија или кој било граѓанин.
Правејќи споредба со објавувањето на „бомбите“ кога тие беа опозиција, Заев вели дека за разлика од сега тоа тогаш било правено транспарентно и притоа била заштитетна приватноста на луѓето.
„Излеговме на говорница, штитејќи ја комплетно приватноста на луѓето, секаде каде што постоеја индиции за криминал или неетичко однесување со тенденција за криминал, тоа јавно го објавивме, го составивме и срочивме во кривични пријави и го доставивме до тогашното ЈО коешто помина понатаму во СЈО“,
вели Заев и тврди дека од 1 јуни 2017 наваму нема никакво прислушување.
„Апсолутно никој од јавните институции немаат допир до тоа, дури ОТА како агенција која што ги прави конекциите нема право на увид на материјал или што било. Толку е разграничено со европските директиви, тоа го работевме во реформите на безбедноста заедно со европската делегација, ЕК, со многу експерти дојдени, плус од НАТО и јасно е разграничено, не постои никакво прислушување во државата, освен со судска пресуда за истрагите против кршењето на законите во Македонија“, додава тој.
додава тој.