Светската здравствена организација соопшти дека ги прекинува испитувањата за лекот за маларија – хидроксихлорокин и комбинацијата на лекови за вирусот ХИВ – лопинавир / ритонавир, кај пациентите хоспитализирани со коронавирус, бидејќи тие не ја намалиле смртноста.
„Резултатите од привремените тестови покажуваат дека хидроксихлорокин и лопинавир/ритонавир придонесуваат за мало или никакво намалување на смртноста кај хоспитализирани пациенти со Ковид-19, во споредба со стандардната нега“,
се наведува во соопштението на СЗО.
Поради тоа, испитувањата веднаш ќе бидат прекинати.
Ваквата одлука, донесена по препорака на меѓународен одбор, не е во спротивност со другите истражувања во кои лековите се користат за нехоспитализирани пациенти или како превенција.
Во друго истражување СЗО го испитува и можниот ефект на лекот ремдесивир врз ковид 19.