Властите во Јордан почнаа да користат електронски алки на луѓето кои пристигнуваат во земјата за да можат да ги следат дали ја почитуваат изолацијата.
Во Јордан на сила е мерка за задолжителен карантин за сите кои влегуваат во земјата. Тој е во траење од 14 дена и се спроведува во хотелите на брегот на Мртвото Море.
По истекот на карантинот, има и задолжителна домашна изолација во траење од две недели, изјавил портпаролот на Комисијата за борба против корнавирусот, пренесува „Алџезеира“.