Поради загрижувачкото зголемување на бројот на инфицирани од коронавирусот во регионот Сегрија, во шпанската покраина Каталонија, воведено е ограничување на движењето. Ова е прв случај на враќање на ваквите рестрикции во Шпанија откако на 21 јуни беше укината вонредната состојба во земјата, што беше воведна поради пандемијата со ковид-19.
Одлуката на каталонските регионални власти за областа Сегрија, се однесува на повеќе од 200 000 жители, меѓу кои се и жителите на градот Леида. Ограничувањето стапи на сила денеска напладне, додека влегувањето на локалното население во областа ќе му биде дозволено до 16 часот, наведуваат американските медиуми.
Според здравствените власти, бројот на новозаразени лица во областа во изминатите 24 часа се зголемил за 60, со што вкупниот број на заболени од ковид-19 во тој регион сега изнесува 4 000.