Бројот на досега дијагностицирани случаи со ковид-19 на глобално ниво надмина 11 милиони.
Оваа бројка е повеќе од двојно поголема од онаа на тешки заболувања на грип на годишно ниво, пишува „Ројтерс“, повикувајќи се на податоци од Светската здравствена организација (СЗО).
Опасниот вирус досега одзеде и над половина милион животи, а голем број земји доживуваат нови бранови на заразата.
Според статистичкиот веб-сајт „Ворлдометар“, до овој момент во светот се регистрирани точно 11 198 209 случаи. Од нив 529 212 починале, а оздравеле 6 345 230 лица.
Од активните 4,3 милиони случаи, во моментов речиси 60 000 се во тешка или критична состојба.
