Поради сообраќајната несреќа на патниот правец кон Стража има отежнато одвивање на сообраќајот и долги колони во двата правци

Четири лица, од кои три се деца, се повредени во сообраќајна несреќа што се случила утринава на патот Гостивар – Стража во близина на каменоломите.
Според информациите од Секторот за внатрешни работи (СВР) Тетово, во сообраќајката, која била пријавена денеска во 7:40 часот, учествувале четири автомобили и еден камион.
„Во незгодата три малолетни лица и една жена кои биле во еден од автомобилите се здобиле со телесни повреди кои биле констатирани во гостиварската болница“,
велат од СВР Тетово.
Од тетовската полиција додаваат дека трае увидот и се утврдуваат околностите под кои се случила несреќата.
Поради сообраќајната несреќа на патниот правец кон Стража има отежнато одвивање на сообраќајот и долги колони во двата правци.
