Албанскиот премиер, на заедничка прес-конференција со новиот косовски колега, реагираше на изјавата на српскиот претседател дека преговара со Западот, а не со Албанците
Албанскот премиер Еди Рама, коментирајќи ја изјавата на српскиот претседател Александар Вучиќ дека „нема да ја признае независноста на Косово и дека преговара со Западот, а не со Албанците“, рече дека „Вучиќ може да оди и на Месечината, но на крај сепак ќе седне со со легитимните власти на Косово “.
„Доколку сме едно, претседателот на Србија може да оди на Запад, може да оди на Исток, ако сака може да оди и на Месечината, но на крајот сепак ќе седне со нас. И кога ќе кажам со нас, тоа значи ќе седне со легитимните власти на суверената држава Косово“,
рече Рама на заедничката прес конференција со неговиот косовски колега Авдулах Хоти.
Додаде дека претседателот Вучиќ е претседател на Србија и оти Тирана секогаш ќе дава целосна подршка за Косово.
„Тој ги брани интересите на Србија, од своја гледна точка, се разбира, и може да каже дека не преговарал со Албанците, преговарал со Западот, но нема шанси тој да преговара со Западот за Албанците. Тирана целосно ги подржува властите во Приштина“,
посочи Рама.