Реакцијата од „Илинденска“ следува откако СДСМ обвини дека Владата ја искористила моменталната ситуација во Гостивар да за склучи договор за набавка на вода за пиење во вредност од 100 000 евра, без претходно распишан тендер и тоа со фирма која е сопственост на градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев
Од Владата потврдија дека постапката е спроведена со преговарање, но велат дека „Кожувчанка“ преку тендер го добила договорот, а тие обезбедилe вода по пониска цена од малопродажната
Според податоците од Електронскиот систем за јавни набавки, договорот од 100 000 евра меѓу СОЗР и „Кожувчанка“ е склучен во постапка со преговарање – без претходно објавување на оглас. Бирото за јавни набавки дало позитивно мислење за постапката, оти се работело за набавка поради крајна итност. Според понудата, објавена во прилог на договорот, шише вода од 1,5 литри со ДДВ чини 12 денари

Шише вода од 1,5 литри, кое во малопродажба чини најмалку 25 денари, Владата го набавува по цена од 12,5 денари, тврдат од „Илинденска“, откако СДСМ ги обвини дека од доставената вода во Гостивар власта направила бизнис-зделка.
Оттаму велат дека постапката со преговарање ја спровела Службата за општи и заеднички работи, а договорот преку тендер го добила „Кожувчанка“.
„Во однос на набавката на флаширана вода, точно е дека постапката со преговарање ја спроведе Службата за општи и заеднички работи и обезбедува вода бесплатно за граѓаните, а договорот преку тендер го доби компанијата ‘Кожувчанка’. Но, исто така е факт дека шише вода од 1,5 литри кое во малопродажба чини најмалку 25 денари, Владата го набавува по цена од 12,5 денари. Тоа е возможно затоа што компанијата ‘Кожувчанка’ учествува во набавката со сопствен придонес, со цел да им се помогне на граѓаните и институциите во услови на кризна состојба“,
велат од Владата.
Според податоците од Електронскиот систем за јавни набавки, договорот од 100 000 евра меѓу СОЗР и „Кожувчанка“ е склучен во постапка со преговарање без претходно објавување на оглас. Бирото за јавни набавки дало позитивно мислење за постапката, оти се работело за набавка поради крајна итност. Според понудата, објавена во прилог на договорот, шише вода од 1,5 литри со ДДВ чини 12 денари.
СДСМ обвини дека Владата ја искористила моменталната ситуација во Гостивар да за склучи договор за набавка на вода за пиење во вредност од 100 000 евра, без претходно распишан тендер и тоа со фирма која е сопственост на градоначалникот на Кавадарци. Потегот го нарекоа „бизнис-зделка на тендер-патриотите Мицкоски и ВМРО-ОКГ“.
Од Владата велат дека обвинувањата на СДСМ се дрски и безобразни лаги. Оттаму посочуваат дека ќе продолжат да доставуваат вода за гостиварци сè додека стручните лица и надлежните институции официјално не потврдат дека водата од водоводниот систем е исправна за употреба.
