Францускиот претседател Емануел Макрон го назначи Жан Кастекс за нов премиер, кој ќе го наследи Едуар Филип, кој утринава поднесе оставка на функцијата, јави МИА од Париз.
Последната функција на Жан Кастекс беше поврзана со спроведувањето на мерките за излегување од изолација што беа воведени со епидемијата од ковид-19.
Жан Кастекс (55) претходно работел во Судот за ревизори, бил заменик-секретар на претседателството на Републиката во периодот меѓу 2011 и 2012 година, кога Никола Саркози беше претседател. Во првиот круг од општинските избори, кои се одржаа на 15 март, Кастекс беше реизбран за градоначалник во Прадес, град во источните Пиринеи.
Оставката на Фиип следува по претходната најава од претседателот Емануел Макрон дека ќе има реконструкција во владата, како дел од новата фаза која, како што рече, бара нови цели на независност, реконструкција, помирување и нови методи.