„Просечно има меѓу три и пет интервенции дневно на Итната медицинска помош во врска со колапси, но во некои денови има и повеќе. Има повеќе повици кои се со симптоми на лошење, гадење, прегревање на телото, топлотен удар и многу често успеваме и со совет да им помогнеме на граѓаните“, вели Даниел Георгиевски од Итната медицинска помош Скопје
Итната медицинска помош деновиве добива зголемен број повици поради топлото време. Дневно се регистрирани повеќе од 200 повици, кои главно се однесуваат на интервенции на јавни места поради колапси или во домашни услови поради влошување на здравствената состојба на граѓаните.

„Просечно интервенции на Итната медицинска помош во врска со колапси има меѓу три и пет дневно, но во некои денови има и повеќе. Има повеќе повици кои се со симптоми на лошење, гадење, прегревање на телото, топлотен удар и многу често успеваме и со совет да им помогнеме на граѓаните“,
вели Даниел Георгиевски од Итната медицинска помош Скопје.
Поради топлото време, вели Георгиевски, кај хронично болните може да се јават кардиолошки проблеми, срцеви и мозочни удари и варирање на крвниот притисок. До хронично болните, но и до сите граѓани, се препорачува да се избегнува директна изложеност на сонце во периодот од 11 до 17 часот и доволна консумација на вода.
„Ако по подолга изложеност на сонце се почувствуваат симптоми на вртоглавица, гадење, малаксаност, треба да се влезе во климатизирани простории и да се консумираат повеќе течности. Да се внесува полесна храна, готвена храна, со помалку калории, хронично болните редовно да ја земаат терапијата и да го мерат крвниот притисок, а дијабетичарите да го мерат шеќерот во крвта“,
вели Георгиевски.
