Од полиција информираат дека 41-годишната С.Д. од Кратово вчера попладне е приведена откако било пријавено дека физички нападната повеќе посетители на локалитетот
Приведена е жената што нелегално наплаќаше влез во локалитетот „Камени кукли“ кај кратовското село Куклица.

Од полиција информираат дека 41-годишната С.Д. од Кратово вчера попладне околу 19:30 часот е приведена откако било пријавено дека физички нападната повеќе посетители на локалитетот.
„Полициски службеници од ОВР Кратово ја лишија од слобода С.Д. (41) од Кратово, постапувајќи по претходна пријава дека на 2 август околу 18:00 часот на локалитетот ‘Куклица’ физички нападнала повеќе лица кои биле посетители на локалитетот“,
соопштија денеска од полицијата.
По наредба на јавен обвинител, жената е проведена во станица и против неа ќе биде поднесена пријава.
На почетокот на јуни годинава од Општина Кратово соопштија дека подолг временски период се спречени да управуваат со локалитетот „Камени кукли“, кој е прогласен за споменик на природата, а кој подолг временски период е бесправно узурпиран и држен во владение од страна на Здружение „Извор“ – Кратово, чии одговорни лица се Милош Димитровски и неговата ќерка Стојна Димитровска Боотх.
Од Општината тогаш посочија дека чекаат правосилна судска пресуда против Здружението и неговите одговорни лица, која ќе им наложи да го предадат локалитетот во владение на општинските власти.
