Граѓаните во следните десет дена, колку што се предвидува да трае топлотниот бран, се очекува да ја намалат потрошувачката на електрична енергија
Екстремно нискиот водостој на Дунав, забележан во последните денови низ целиот тек на реката низ Србија, создаде несекојдневни сцени. Според српските медиуми, делови од една од најголемите реки во Европа се претворија во песочни наслаги, тиња и на површината испливани историски објекти што со години биле под вода
Српскиот премиер Ѓуро Мацут и министерката за рударство и енергетика, Дубравка Ѓедовиќ Хандановиќ, ги повикаа граѓаните рационално да ја користат електричната енергија поради екстремно нискиот водостој на Дунав и значително намаленото производство во хидроелектраните „Ѓердап“.

Мацут најави дека в понеделник ќе се одржи состанок на Работната група за вонредни ситуации поради високите температури и состојбата со водостојот на реките, особено на Дунав.
Апелираше граѓаните во следните десет дена, колку што се очекува да трае топлотниот бран, да ја намалат потрошувачката на електрична енергија.
„Засега снабдувањето е стабилно, но е на ниско ниво. Треба да апелираме до граѓаните да ја намалат употребата на големите потрошувачи на електрична енергија, особено клима-уредите“,
рече тој.
Министерката Ѓедовиќ Хандановиќ информира дека поради ниското ниво на Дунав, производството на електрична енергија во ХЕ „Ѓердап 1“ е намалено на 20 отсто од капацитетот, додека „Ѓердап 2“ работи со околу 30 отсто.
„Приливот на вода е околу 1 500 кубни метри во секунда, што е најниско ниво од 2003 година, а претходно таква состојба е забележана во 1985 година. Тоа покажува дека станува збор за вонредна ситуација која мора внимателно да се следи“,
кажа Ѓедовиќ Хандановиќ.
Според неа, состојбата со хидроелектраните на Дрина е нешто подобра, бидејќи приливот на вода е под просекот, но сè уште е над биолошкиот минимум.
Sırbistan'da Tuna Nehri'nin su seviyesi tarihi düşüş yaşayınca, 1944'te Alman ordusu tarafından batırılan savaş gemilerinin enkazları yeniden ortaya çıktı. Prahovo yakınlarında görülen paslı batıklar, nehir trafiği için tehlike oluşturuyor.#Sırbistan #TunaNehri #Danube #Tarih pic.twitter.com/553CZQ9ZT7
— Panorama News (@panorama_news1) August 2, 2026
Екстремно нискиот водостој на Дунав, забележан во последните денови низ целиот тек на реката низ Србија, создаде несекојдневни сцени.
Според српските медиуми, делови од една од најголемите реки во Европа се претворија во песочни наслаги, тиња и на површината испливани историски објекти што со години биле под вода.
Топлотниот бран со температури околу 40 степени предизвикува дополнителен притисок врз енергетските системи низ Европа.
Поради недостаток на вода од Дунав за ладење на реакторите, Унгарија и Романија веќе се соочуваат со проблеми во работата на нуклеарните централи, додека Србија го намалува производството од хидроцентралите.
