Францускиот премиер Едуард Филип денеска поднесе оставка од функцијата шеф на владата, соопштија од Елисејската палата.
Со оваа одлука, всушност, во оставка е и целата влада, информираат француските медиуми.
Филип е премиер на Франција од 15 мај 2017 година.
Претходно, претседателот Емануел Макрон најави дека ќе има реконструкција во владата, но не соопшти ништо конкретно за иднината на премиерот Филип.
„Новата фаза бара нови цели на независност, реконструкција, помирување и нови методи. Зад тоа ќе стои нов тим“,
истакна Макрон.