Во рамки на одлуката се предвидува активирање на Главниот штаб при Центарот за управување со кризи, кој ќе биде во постојано заседавање и во рок од 24 часа ќе изготви акциски план за превенција и справување со пожарите, преглед на расположливите човечки и материјално-технички ресурси, како и план за координирано дејствување на сите надлежни институции
Владата прогласи 30-дневна кризна состојба на целата територија на државата поради зголемените ризици и опасности од пожари на отворен простор и шумски пожари.
Кризната состојба почнува од утре (1 август) и ќе трае до крајот на месецот.

Во рамки на одлуката се предвидува активирање на Главниот штаб при Центарот за управување со кризи (ЦУК), кој ќе биде во постојано заседавање и во рок од 24 часа ќе изготви акциски план за превенција и справување со пожарите, преглед на расположливите човечки и материјално-технички ресурси, како и план за координирано дејствување на сите надлежни институции.
„Задолжени се сите органи на државната управа да постапуваат согласно со прописите за управување со кризи и во целост да ги стават на располагање своите капацитети, со цел навремена и ефикасна реакција на терен“,
велат од Владата.
Оттаму додаваат дека одлуката е донесена со цел навремено, координирано и ефикасно справување со состојбата и мобилизирање на сите расположливи капацитети за заштита на животите на граѓаните, нивниот имот и природните ресурси.
