Постапката може да биде во Европскиот суд и да заврши со финансиски казни против тие земји.
Европската комисија поведе постапка против Хрватска и уште девет земји – членки на ЕУ за кршење на правата поради ваучерите со кои се обидуваат да го спасат бизнисот на нивните туристички агенции и авиокомпании.
Европската комисија го објави тоа на својот сајт, што веднаш го пренесе Централноевропското здружение за заштита на потрошувачите (BEUC).
Во соопштението се наведува дека денеска до Хрватска, Кипар, Чешка, Грција, Франција, Италија, Литванија, Полска, Португалија и Словачка, како први во низата процедури пропишани со официјалната постапка, е испратено писмо за покренување постапка за повреда на правото.
Тие 10 земји, според Комисијата, ги прекршуваат одредбите од член 12 од Директивата за патувања во пакет – аранжами, дозволувајќи им на нивните национални законодавства да им дозволат на агенциите и авиокомпаниите да им издаваат ваучери на патниците наместо наплата, што е во спротивност со препораките на Комисијата за тоа како да им се нудат на потрошувачите ваучери за патувања, во време на пандемијата на коронавирусот.
Ваучерите, како се наведува, не се забранети и на Комисијата не и пречи што туристичките агенции им ги нудат на потрошувачите на доброволна основа, со тоа што секој патник, доколку не сака ваучер, има право да одбие ваква понуда и во рок од 14 дена од откажувањето на патувањето да го добие назад целиот износ.
Постапката може да биде во Европскиот суд и да заврши со финансиски казни против тие земји.