На другите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата
Сообраќајот на државните патишта утринава се одвива непречено и по суви коловози, информираат од Автомото сојузот (АМСМ).

Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е зголемен.
„Зголемена фреквенција на возила утрово е регистрирана на граничниот премин Богородица, каде времето на чекање изнесува околу 15 минути“,
се вели во соопштението на АМСМ.
На останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Се апелира до возачите да управуваат со приспособена брзина, да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација и да возат внимателно.
