Жената била пренесена во Клиниката за хируршки болести „Св.Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информира МВР
Полицијата приведе 24-годишник од Скопје кој се сомничи дека вчера со возило преку прозорец ја влечел својата мајка. Жената со повреди била пренесена во болница, а против осомничениот ќе биде поднесена соодветна пријава, информира Министерството за внатрешни работи.
„Полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Р.Д.(24) од скопско село. Тој се сомничи дека околу 18:50 часот во селото, преку отворен прозорец на возилото „фиат“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, ја фатил неговата 42-годишна мајка и со возилото ја влечел околу 20 метри, по што го напуштил местото,“
информира МВР.
Жената била пренесена во Клиниката за хируршки болести „Св.Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
