Миланов соопшти дека АХВ вчера и денеска ги засилила своите активности на терен во Гостивар и зела дополнителни мостри за анализа кои, како што рече, треба да го потврдат изворот на загадување. Во однос на поставените пумпи, директорот на АХВ рече дека тие биле поставени на диво, што било утврдено и на 16 јули кога била направена првата вонредна контрола по пријавата на случајот
„Согласно договорот помеѓу Центарот за јавно здравје и Јавното претпријатие ‘Комуналец’, мостри се земаат еднаш месечно од осум мерни места. Последниот пат, ние што имаме како Агенција за храна и ветеринарство добиено резултат од Центарот за јавно здравје Гостивар, е 13 јули и водата била безбедна“, рече директорот на АХВ прашан за документот издаден од Центарот за јавно здравје Гостивар, со датум од 29 јуни оваа година, според кој водата во градскиот водот е исправна за пиење
Забраната за користење на водата од гостиварскиот водовод за пиење и за приготвување храна останува во сила сè додека со лабораториските анализи не се потврди нејзината безбедност, изјави денеска на прес-конференција во Владата директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) Оливер Миланов.

На неа тој информира за досега преземените мерки што се во надлежност на Агенцијата по епидемијата во Гостивар поради која над 3 000 жители на градот и околината побараа лекарска помош во локалните здравствени домови жалејќи се претежно на стомачни тегоби.
Гостиварското основно јавно обвинителство вчера отвори истрага против в.д. директорката на Јавното претпријатие „Комуналец“-Гостивар, Артана Асани, како и против технички раководител на Секторот за технички работи и раководителот на Одделението за водовод, канализација и градежни работи во Јавното претпријатие. Обвинителството ги сомничи за тешки дела против животната средина и природата бидејќи им издале налози на вработени да постават три потопни пумпи во канал со површинска вода со штетни материи во близина на преливната комора со вода за пиење, за да го тестираат притисокот на водата во градскиот водовод. Истрагата на Обвинителството треба да утврди дали ваквите дејствија го предизвикале загадувањето на водата во Гостивар што го потврдија резултатите од анализите на Институтот за јавно здравје.
Миланов соопшти АХВ вчера и денеска ги засилила своите активности на терен во Гостивар и зела дополнителни мостри за анализа кои, како што рече, треба да го потврдат изворот на загадување. Во однос на поставените пумпи, директорот на АХВ рече дека тие биле поставени на диво, што било утврдено и на 16 јули кога била направена првата вонредна контрола по пријавата на случајот.
„Со надзорот беше утврдено дека во главниот цевковод на водоводната мрежа на диво без одобрение се поставени пумпи кои директно вбризгува вода во овој водоснабдителен систем. Стручни лица на Институтот за јавно здравје земаа четири мостри од водата во резервоарот, каптажата, од површинската вода и од јавна чешма во џамија за лабораториско тестирање со цел утврдување на нејзината безбедност. За да се спречи поголема опасност за населението од овој регион, АХВ веднаш издаде времена забрана за употреба на водата за пиење“,
рече Миланов.
Како што додаде во текот на вчерашниот ден, активностите на терен на АХВ биле значително проширени, при што биле земени дополнителни мостри од повеќе места кои се снабдуваат вода од водоснабдителниот систем на градот. Дополнителни мостри биде земени од јавни установи, болници, градинки и угостителски објекти.
Активностите, рече, продолжуваат и во текот на денешниот ден со засилени контроли над сите оператори кои произведуваат и служат храна.
„Целта на вонредните засилени мерки е прецизно да се утврди изворот на контаминација, степенот и обемот на загаденоста, како и да се обезбедат нов, релевантни лабораториски резултати врз основа на кои ќе бидат преземени сите понатамошни мерки во конкретниот случај. Изразуваме сериозна загриженост за настанатата состојба и ја информираме јавноста дека донесената забрана за користење на водата од гостиварскиот водовод за пиење и за подготвување на храна останува на сила сè додека со лабораториските анализи не се потврди нејзината безбедност“,
рече Миланов.

Тој уверува дека Агенцијата ќе ги испита сите аспекти на случајот кои се во рамките на нејзините овластувања и оти ќе ги преземе сите неопходни мерки против сите субјекти кај кои ќе се утврдат пропусти или непочитувања на законските обврски.
Воедно, тој упати апел до граѓаните да се придржуваат до препораките на надлежните здравствени институции и локалните власти во однос на користењето на водата за пиење, сè до добивање на конечните лабораториски резултати и целосно нормализирање на состојбата.
Прашан што ќе презема Агенцијата бидејќи во Гостивар кафулињата, рестораните, чајџилниците и други угостителски објекти работат нормално, Миланов одговори дека инспекторите на АХВ се 24/7 на терен и дека секое затекнато непридржување до насоките на надлежните во врска употребата на водата за приготвување храна ќе биде санкционирано, а субјектите казнети.
„Самите ресторани се должни да обезбедат техничка вода. Таа вода значи сето она што доаѓа како материјали и производи во контакт со храна, кујнски прибори, храната што се подготвува, зборувам сендвичарници, ресторани, кафеани и бурекчилници не треба да се консумира. Сето она што ќе биде најдено кај овие оператори со храна ќе сносат одговорност, ќе има финансиска прекршочна пријава од наша страна и превенција од наша страна за да се нагласи дека водата не е ниту за пиење, ниту технички ќе биде употреблива сè до добивање на лабораториските резултати од земените мостри и анализата на истите. Значи, зборувам и за кујните, зборувам и за здравствени домови, зборувам за сето она што го организираат, треба да биде обезбедена посебна вода којашто технички е безбедна за подготвување на храна. Истото важи и кафетериите и чајчилниците, во кујните исто така треба да бидат обезбедени, без разлика дали станува збор за болници или за јавни установи секаде водата треба да биде обезбедена, но не оваа вода која што се користи од Јавното комунално претпријатие од Гостивар“,
изјави Миланов.
На барање на дел од новинарите да ги коментира и да објасни што значи резултатите од анализите што вчера ги објави Јавното обвинителство, според кои е констатирано присуство на колиформни бактерии од 2419,6 cfu/100 мл наспроти максимално дозволените 50 cfu/100 мл, директорот на АХВ рече дека за тоа би можел да зборува за она што го учел како медицинско лице, но оти не сака да навлегува во истрагата, што е во надлежност на Обвинителството.
„Да не навлегуваме во истрагата, сепак Обвинителството си ја води, да не се истрчуваме со резултати додека не ги добиеме. Она ви го кажав како медицинско лице, она што сум го студирал и сум го учел, меѓутоа во интерес на истрагата оставам обвинителството да се одлучи, сепак тие се надлежни во тој дел“,
рече Миланов.
Тој упати на Обвинителството одговарајќи на дополнително прашање во врска со наводите дека пумпите биле поставени на диво, без одобрение. Во таа насока тој рече дека за поставување на пумпите Агенцијата за храна и ветеринарство не е надлежна, односно како институција таа не издава дозвола.

Миланов беше прашан и за документот издаден од Центарот за јавно здравје Гостивар, со датум од 29 јуни оваа година според кој водата во градскиот водот е исправна за пиење. Овој документ од микробиолошка анализа го покажа и приведена в.д. директорка на ЈП „Комуналец“ минатата недела, како потврда дека пумпите не довеле до загадување на водата.
„Најпрвин да објаснам дека согласно договорот помеѓу Центарот за јавно здравје и Јавното претпријатие ‘Комуналец’ водовод, мостри се земаат еднаш месечно од осум мерни места. Последниот пат ние што имаме како Агенција за храна и ветеринарство добиено резултат од Центарот за јавно здравје Гостивар е 13 јули и водата била безбедна“,
кажа Миланов.
Одговарајќи на прашање дали се преземаат мерки за прочистување на водата, Миланов рече дека очекуваат во најбрз временски рок граѓаните на општина Гостивар и гостиварско да добијат техничка вода и вода за пиење.
