Дејвид Кларк изминатите недели беше критикувани поради лошо управување со карантинот и се објектите за изолација
Министерот за здравство на Нов Зеланд, Дејвид Кларк, по низа пропусти за време на пандемијата со ковид-19, вчера поднесе оставка од функцијата.
Премиерката Џасинда Ардерн ја прифати оставката на Кларк, кој во април двапати беше фатен како ги крши правилата за карантин воведени поради епидемијата. Тој тогаш понуди оставка, но Ардерн не ја прифати со образложение дека тоа ќе доведе до нарушување на работата на владата.
Кларк изминатите недели беше критикувани поради лошо управување со карантинот и со објектите за изолација на Нов Зеланд.
Ардерн најави дека на министерот за образование Крис Хипкин ќе ја извршува функцијата министер за здравство до септември, кога треба да се одржат парламентарни избори на Нов Зеланд.