Бројот на дијагностицирани лица со ковид-19 во светот надмина 10 милиони, според податоците на „Ворлд о метер“. Досега оздравени се над 5 милиони луѓе во глобална рамка, а починале 516 илјади.
Во САД последниве денови се регистрираат над 40 илјади нови заразени на дневно ниво, а во последните 24 часа забележаа 23 нови случаи. Во моментов активни случаи на ковид-19 во САД има милион и 473 илјади, а речиси ист е бројот и на оздравени. Таму, досега починаа вкупно 130 илјади лица со ковид-19.

Турција до денеска има повеќе од 200.000 случаи на коронавирус, а во претходните 24 часа се дијагностицирани 1.192 нови случаи, покажаа денешните податоци од Министерството за здравство на земјата. Според тие податоци, оздравеле повеќе од 87 проценти од случаите. Бројот на починати од ковид-19 во земјата достигна 1.150.
Вкупниот број на заразени лица со ковид-19 на африканскиот континент денеска се зголеми за 13.018 на вкупно 403.692, додека бројот на смртни случаи се зголеми за 354 на вкупно 10.126 жртви. Според податоците на Светската здравствена организација, бројот на излекувани лица достигнал 190 илјади. Најголем број заразени има во Јужна Африка – 151.209 и 2.657 смртни случаи. Египет има најголем број регистрирани смртни случаи – 2.953, додека во Алжир од ковид-19 починале 912 луѓе.