Предлог-законот за животно партнерство на лица од ист пол денеска го усвои собранието на Црна Гора со еден глас повеќе од потребното. Вкупно 42 пратеници гласаа за законот, а потребен беше 41 глас.
Црногорското Здружение „ЛГБТ форум прогрес“ овој потег го нарече историски чекор напред во борбата за човековите права на припадниците на ЛГБТ заедницата во земјата.
„Усвојувањето на Законот, за кој минатата година немаше потребно мнозинство гласови, претставува нова страница на историјата на цсрногорското ЛГБТ движење и испратена е јасна порака дека мнозинство граѓани во Црна Гора стојат покрај оние кои до денеска беа обесправени и невидливи во очите на законот“,
велат од „ЛГБТ форум прогрес“.
Овој потег го поздравија повеќето невладини организации во земјата, како и ЛГБТ Социјалниот центар на Црна Гора, од каде велат дека ова е историски ден.