Таа синоќа присуствувала на приемот по повод одблежувањето на празникот, на кој, вели таа, амбасадорот на Франција во земјава Кристоф Ле Риголер ги потсетил гостите на Француската револуција и на нејзината длабока верба во слободата, братството и еднаквоста
Претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова упати честитки до својот француски колега Емануел Макрон и до, како што напиша во објава на Фејсбук, францускиот слободарски народ по повод 14 Јули – Националниот ден на Француската Република.

Сиљановска-Давкова синоќа присуствувала на приемот по повод одблежувањето на празникот, на кој, вели таа, амбасадорот на Франција во земјава Кристоф Ле Риголер ги потсетил гостите на Француската револуција и нејзината длабока верба во слободата, братството и еднаквоста, како и на, како што наведува, „непресушната демократската инспирација на Франциската декларација на слободите и правата на човекот и граѓанинот“.
Во објавата на социјалната мрежа, претседателката сподели и фотографии од настанот, меѓу кои и со амбасадорот Ле Риголер и со шефот на Делегацијата на Европската Унија во земјава, Михалис Рокас.
Сиљановска-Давкова посочува дека македонско-француското пријателство, втемелено на меѓусебна почит, особено се гради во рамките на Франкофонијата, како и низ богатата образовна, научна и културна размена меѓу двете земји.
