Медиумите јавуваат дека барот е ограден, со скршени прозорци и мебел натрупан пред неговиот влез. Во воздухот се чувствува остар мирис на горење, а, внатре, мебелот, ѕидовите и таванот се целосно поцрнети
Најмалку 27 лица загинаа, а осум се тешко повредени откако вчера пожар зафати бар во Бангкок, главниот град на Тајланд, јави „Би-би-си“.
Пожарникарите веднаш биле повикани на местото на настанот и тие затекнале посетители како бегаат низ влезната врата на локалот, обвиткана со пламен.
Очевидци велат дека пожарот започнал во близина на сцената на барот и брзо се проширил.
Снимките објавени на „X“ покажуваат пламен како избувнува од барот, додека луѓето трчаат, некои врескаат и паѓаат.
23.57 น. รับแจ้งจากสายด่วน 199 เหตุเพลิงไหม้ภายในร้านอาหาร ใกล้เคียงซอยลาดพร้าว 1 ถนนลาดพร้าว แขวงจอมพล เขตจตุจักร เจ้าหน้าที่สถานีดับเพลิงและกู้ภัยสุทธิสาร กำลังไปที่เกิดเหตุ สถานที่เกิดเหตุ pic.twitter.com/Tw6EPb7fhS
— JS100Radio (@js100radio) July 12, 2026
Ова не е првпат да се случуваат вакви инциденти во Тајланд, пишува медиумот. И покрај официјалните ветувања за подобрување на стандардите за противпожарна и електрична безбедност по претходните несреќи, тие сè уште често се спроведуваат лошо.
Пожарникарите пристигнале на местото наводно откако возач што минувал видел дека местото е во пламен околу 23:30 часот по локално време. Тој им рекол на локалните медиуми дека скокнал од својот автомобил и скршил прозорци за да им помогне на две лица да избегаат.
Официјалната причина за пожарот сè уште е под истрага, изјави премиерот Анутин Чарнвиракул. Тој, исто така, им кажал на новинарите дека разговарал со музичар, кој настапувал кога избувнал пожарот, кој раскажал што се случило.
„Тој рече дека имало пожар кај прекинувачот, а потоа работите се случиле многу брзо. Имало експлозии и сите се обиделе да избегаат од чадот и пламенот. Многумина од нив не можеле да излезат бидејќи отишле во задниот дел од зградата и се обиделе да се сокријат од чадот и пламенот во тоалетот, и таму ги пронајдовме повеќето тела“,
кажал Чарнвиракул.
Според извештаите, пожарникарите успеале да го стават пламенот под контрола за околу половина час, но и покрај ова – околу 9 мажи и 18 жени загинале, а повеќе од 60 се лекуваат во болница, од кои осум се критично повредени.
Првичните наоди укажуваат дека повеќето од жртвите починале од вдишување чад, рече Суријачаи Равиван, директор на одделот за катастрофи во Бангкок. Сепак, додаде тој, потребна е понатамошна истрага за да се потврди ова.
Мотоциклист за АФП изјавил дека им помогнал на околу пет лица да избегаат од запалениот бар, користејќи облека за да ги изгасне пламените на нивните тела.
„Се чувствувам депресивно. Видов многу загинати и не ја знам судбината на луѓето на кои им помогнав“,
кажал тој за АФП.
Медиумите јавуваат дека барот е ограден, со скршени прозорци и мебел натрупан пред неговиот влез. Во воздухот се чувствува остар мирис на горење, а, внатре, мебелот, ѕидовите и таванот се целосно поцрнети, а делови од таванот се лупат.
Гувернерот на Бангкок, Чачарт Ситипунт, го посетил местото на настанот и изјавил дека пожарот брзо се проширил низ запаливите внатрешни декорации на таванот на барот.
„Токсичниот чад од запалените декорации можеби предизвикал и губење на свеста кај жртвите“,
додаде тој.
Исто така, имаше извештаи за бројни луѓе пронајдени во несвест во близина на излезот за итни случаи на зградата, рече Чачарт, кој додаде дека можеби имало маси или други предмети што го попречувале просторот.
„Сепак, ова прашање бара темелна и официјална истрага од страна на форензичките службеници“,
додаде тој.
Ова не е прв пат да се случи ваков инцидент во Тајланд. Пред четири години, друг пожар во бар во град јужно од Бангкок уби 22 лица. Во 2009 година, 66 лица загинаа во пожар во ноќен клуб во главниот град.
