Во следните шест месеци со ЕУ ќе претседава Германија, која денеска го презема кормилото од Хрватска.
Шесте месеци на чело на ЕУ првенствено ќе биде посветено на борбата против пандемијата со ковид-19 и нејзините последици.
Како втор приоритет се наведуваат разговорите за „брегзит“, кои треба да завршат до крајот на годината.
Помеѓу приоритетите на Берлин во втората половина од годината се наведуваат и постигнување договор за миграцијата, законот за клима и конференцијата за иднината на Европа.
За време на подготовките за претседателствување со Советот на ЕУ од Берлин беше најавено дека германскиот фокус ќе биде на Западен Балкан и проширувањето, но поради пандемијата беа воспоставени „нови приоритети“, а следните шест месеци неформално го добија името „корона-претседавање“.