Новото издание на информативно-аналитичкиот магазин „360 степени” се емитува вечерва (2 јули 2026 г.) од 20:15 часот на МРТ 1
Во „360 степени“ донесуваме:
– од 1,8 милијарди евра што ЕУ ги одвоила за Македонија преку ИПА-фондовите во изминатите две децении, земјава успеала да потроши само 880 милиони; дел се неповратно изгубени, за дел сè уште има време да се потрошат – каде се проблемите;
– зошто пешачките премини во земјава, толку важни за безбедноста на пешаците во сообраќајот, често се избледени или целосно невидливи – одговор нуди истражување на Центарот за граѓански комуникации за тендерите за таа намена во периодот 2023-2025 г.; ние отидовме уште еден чекор понатаму;
– граѓаните на Македонија годишно произведуваат околу 756 илјади тони комунален отпад – сторија за оние околу една шестина што завршуваат на диви депонии;
– Украина е локомотивата на процесот на проширување на ЕУ – порачува шефот на дипломатијата на Литванија, Кестутис Будрис; за македонските амбиции вели дека не може да се заобиколи договореното од 2022 г., но дека ЕУ треба да покаже чувствителност за грижите на македонските власти;
– „Саботажа“.
Емисијата се емитува од 20:15 часот на МРТ 1.
