Индиската компанија „Барат биотек“ (Bharat Biotech) е прва во Индија која доби одобрување од страна на владиниот регулатор за тестирање вакцина за ковид-19 на луѓе.
„Индискиот регулатор за лекови го одобри барањето на компанијата за испитување на ‘коваксин’, кој е развиен заедно со Националниот институт за вирологија“,
соопшти компанијата.
Тестирањето на вакцината врз луѓе низ целата земја треба да започне во јули. Претходните тестирања врз животни покажале дека таа е безбедна и предизвикува реакција на имунолошкиот систем.
Вакцината е развиена и произведена во фабриката „Барат биотек“ во Хајдерабад и е една од 120-те во светот на кои се работи.
Индија, земја со 1,3 милијарада жители, која има помалку заразени само од САД, Бразил и Русија. Тамошното Министерство за здравство соопшти дека вчера биле регистрирани речиси 20 000 нови случаи. Од почетокот на пандемијата во оваа земја починаа повеќе од 16 000 луѓе.
