Над 1 000 здравствени работници изразија револт од односот на властите кон нив во услови на зголемен ангажман поради пандемијата
Под мотото „Кој ќе се грижи за оние што се грижат за вас“, околу 1 000 здравствени работници синоќа излегоа на протест на централниот плоштад Пуерта дел Сол во шпанската престолнина Мадрид.

Тие го изразија незадоволството од условите во болниците, но и од односот на властите кон нивниот ангажман, во името на 10 000 нивни колеги кои беа ангажирани во најтешкиот период од пандемијата со ковид-19.
Некои од нив носеа транспаренти на кои се жалеа дека и покрај натчовечките напори што ги вложиле во борбата со пандемијата немале никаква социјална заштита и финансиска компензација.
За време на протестот беа почитувани сите мерки на заштита од коронавирус.
Повеќе од 52 000 здравствени шпански работници во овие три месеци на пандемијата се заразија со коронавирус.