Доколку Собранието, посочуваат од Уставен, до наведениот датум, не постапи согласно ставовите на Судот изнесени во одлуката од 17 јуни, тогаш од 1 октомври оваа година, при пресметка на платите на претседателот и судиите на Уставниот суд ќе се применуваат измените на Законот за плата и други надоместоци на избрани и именувани лица во државата донесени во декември 2024 година. Од Уставниот суд сметаат дека претседателот и судиите треба да бидат издвоени како преку статусот, така и преку коефициентите за пресметка на плати од останатите избрани и именувани лица или условно кажано, функционери
Како дополнителен аргумент, од Уставниот суд ја наведуваат и нивната одлука од 8 април годинава кога беа поништени измените на Законот за платите на судиите во редовното судство, со што на овие судии им се зголеми коефициентот за пресметка на плата. Ова, според Уставен, довело до парадоксална ситуација во која платите на претседателот и на судиите во Врховниот суд во моментов се повисоки од платите на претседателот и на судиите во Уставниот суд
По одлуката со која Уставниот суд реши да ги врати старите коефициенти од 2024 година за пресметка на платите на претседателот и членовите на Судот, што подразбира нивно зголемување, оттаму денеска излегоа со образложение дека ваквата одлука е со одложено дејство.

Имено, како што наведуваат од Уставен преку писмено образложение, на Собранието, како законодавно тело, согласно одлуката, му се дава дополнителен рок до 1 октомври да го усогласи Законот за плата и други надоместоци за избрани и именувани лица со правните ставови на Судот, наведени во одлуката донесена на минатонеделната седница, односно на 17 јуни.
„Ултиматумот“ до Собранието
Од Уставниот суд сметаат дека претседателот и судиите треба да бидат издвоени како преку статусот, така и преку коефициентите за пресметка на плати од останатите избрани и именувани лица или, условно кажано, функционери.
Инаку, измените на конкретниот Закон на кои интервенираше Уставен, Собранието ги донесе во февруари оваа година, а со кои беа намалени коефициентите за пресметка на платите на сите функционери.
„Во овој случај Судот го примени и член 88 од Актот на Уставниот суд и предвиде одложено дејство на Одлуката, и му остави на Собранието дополнителен рок до 1 октомври 2026 година за усогласување на законското решение со правните ставови на Судот“,
се вели во соопштението на Уставниот суд.
Доколку Собранието, посочуваат од Уставен, до наведениот датум, не постапи согласно ставовите на Судот изнесени во одлуката, тогаш од 1 октомври оваа година, при пресметка на платите на претседателот и судиите на Уставниот суд ќе се применуваат измените на Законот за плата и други надоместоци на избрани и именувани лица во државата донесени во декември 2024 година.
На почетокот на денешното образложение, од Уставниот суд даваат осврт на одлуката донесена во средата минатата недела, односно дека мнозинството судии одлучиле да укинат делови од членот 14 од Законот за плата и други надоместоци за избрани и именувани лица, кои се однесуваат само на претседателот на Уставниот суд, и дел од членот 15, кој се однесува на членовите на Судот кој е задолжен за заштита на уставноста на законите и прописите во државата.
Од Уставен потсетуваат дека постапката Судот ја почнал на 4 февруари годинава, по сопствена иницијатива и на истата седница му определил рок од 60 дена на Собранието да изврши измени или дополнувања на конкретниот Закон и да ги усогласи со правните позиции што Уставен ги изнел во решението за поведување на постапката.
Уставен: Има недостатоци во Законот
Со тоа, Судот, велат оттаму, ја искористил можноста предвидена во член 36 став 2 од Актот на Уставниот суд, да му овозможи на законодавецот разумен рок, да интервенира, да ги отстрани утврдените недостатоци и да ги усогласи со Уставот, но до истекот на рокот од два месеци, Собранието не го известило Судот дека ќе ги направи измените или дополнувањата на Законот.
„Поради тоа, на 17 јуни 2026 година, Судот донесе Одлука со која ги укина наведените делови од одредбите“,
велат од Уставен.

Како што објавивме вчера, повикувајќи се на одлуката на Судот, во членот 14, кој го опфаќа и претседателот на Уставниот суд, со измените од февруари оваа година коефициентот беше намален од 3,08 на 2,81. Во членот 15, кој се однесува на судиите во Уставниот суд, оваа ставка односно коефициент се намали од 2,85 на 2,60. Инаку, за пресметка на платата на избраните и именуваните лица во Република Северна Македонија се зема просечната плата помножена со коефициентот.
Според одлуката на Уставен од минатата недела, од 1 октомври оваа година, доколку Собранието не ги направи бараните измени или дополнувања, платите на претседателот и на членовите на Судот ќе се пресметуваат според „старите“ коефициенти, донесени со измените на Законот од 2024 година. Односно, за пресметка на платата на претседателот ќе се зема коефициентот 3,08, а за членовите на Уставен 2,85.
„Во овој случај Судот го примени и член 88 од Актот на Уставниот суд и предвиде одложено дејство на Одлуката, и му остави на Собранието дополнителен рок до 1 октомври 2026 година за усогласување на законското решение со правните ставови на Судот“,
велат од Уставен.
Издвојување на уставните судии и по статус и по коефициентите за плати
Што се однесува до одлуката, од Уставен наведуваат дека решавачкиот аргумент за нив бил фактот што платите на претседателот и на судиите на Уставниот суд биле уредени на ист начин, односно во ист нормативен режим како и платите на другите носители на јавни функции, врз основа на идентични критериуми и поистоветување на природата на нивните уставни надлежности.
Според Судот, ваквото уредување преставува суштествена повреда на начелото на владеење на правото како темелна вредност на уставниот поредок бидејќи, како што наведуваат оттаму, ја негира институционалната и функционалната автономија на Уставниот суд и ја релативизира неговата уставна положба како посебен орган задолжен за заштита на уставноста и законитоста.
Како дополнителен аргумент од Уставниот суд ја наведуваат и нивната одлука од 8 април годинава кога беа поништени измените на Законот за платите на судиите во редовното судство, со што на овие судии им се зголеми коефициентот за пресметка на плата.
Но, како што наведуваат од Уставен, по донесувањето на оваа одлука, настанала парадоксална ситуација во која платите на претседателот и на судиите во Врховниот суд се повисоки од платите на претседателот и на судиите во Уставниот суд.

„Во овој момент, платите на судиите и на претседателот на Врховниот суд се пресметуваат според повисоки коефициенти (2,61 и 2,84), додека платите на претседателот и судиите на Уставниот суд до 1 октомври ќе останат пресметувани според пониски коефициенти (2.60 и 2.81). Поради наведените аргументи, со Одлуката У.бр.22/2026, Судот го определува начинот на извршување на истата и нејзиното одложно дејство. Ова значи дека по истекот на определениот рок – 1 октомври 2026 година, пресметката на платите на претседателот и на судиите на Уставниот суд ќе се прави согласно со Законот за изменување на Законот за плата и други надоместоци на избрани и именувани лица во Република Македонија (‘Службен весник на Република Северна Македонија’ бр. 272/2024), со кој е утврден повисок коефициент за пресметка на нивните плати судија – 2,85, претседател – 3,08“,
се наведува во соопштението од Уставен.
Ова, како што додаваат оттаму, значи дека платите на претседателот на Уставниот суд и на судиите на Уставниот суд ќе бидат зголемени по 1 октомври во ист сооднос како и зголемувањето на платите на судиите во редовното судство.
„Одлуката значи дека доколку Собранието не постапи во согласност со правните ставови на Судот заземени во наведената одлука, до 1 октомври 2026 година, односно сѐ додека претседателот и судиите на Уставниот суд не бидат издвоени како статусно, така и преку коефициентот за пресметка на нивните плати, за нив се применува законскиот режим што важи и за останатите избрани и именувани лица утврден во Законот за плата и други надоместоци на избрани и именувани лица во Република Македонија, но во конкретниот случај за платите на претседателот и на судиите на Уставниот суд ќе се применува законското решение наведено во одлуката на Уставниот суд“,
велат од Уставниот суд.
