Во саботата имаше зголемена фреквенција на возила на трите гранични премини на македонско-грчката граница, но во спротивен правец колони возила чекаа во просек по околу 40 минути за излез од државата
На граничните премини „Богородица“, „Дојран“ и „Табановце“ утрово има зголемена фреквенција на возила за влез во државата, времето на чекање е околу 30 минути, На другите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информира Автомото сојузот на Македонија (АМСМ) во утринскиот извештај за состојбата на патиштата.

Во саботата, исто така, имаше зголемена фреквенција на возила на трите гранични премини на македонско-грчката граница, но во спротивен правец колони возила чекаа во просек по околу 40 минути за излез од државата.
Инаку, како што додаваат од АМСМ, сообраќајот на државните патишта во земјава се одвива непречено и по суви коловози.
„Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен“,
се вели во утринскиот извештај.
Од АМСМ препорачуваат приспособена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува на делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
