Причина за прекинот се завршните градежни работи на пругата Скопје – Велес, односно на делницата од железничката станица во Скопје до станицата Зелениково, кои се изведуваат за потребите на проектот „Градски воз“

Од понеделник, па сè до 1 јули нема да сообраќаат поголем број патнички возови, информираат од Јавното претпријатие „Железници – инфраструктура“.
Причина за прекинот се завршните градежни работи на пругата Скопје – Велес, односно на делницата од железничката станица во Скопје до станицата Зелениково, кои се изведуваат за потребите на проектот „Градски воз“.
Поради градежните активности, во наведениот период целосно се укинуваат неколку железнички линии.
На релацијата Скопје – Гевгелија нема да сообраќаат возовите што тргнуваат во 6:20 часот и во 16:55 часот. Во обратен правец, односно на релацијата Гевгелија – Скопје, се укинуваат возовите во 4:30 часот и во 17:02 часот.
Прекини ќе има и на линијата кон Битола. На релацијата Скопје – Битола привремено се укинуваат возовите што тргнуваат во 7:06 часот и во 20:05 часот. Од Битола за Скопје нема да сообраќаат возовите во 3:10 часот наутро и попладне во 18:22 часот. На релацијата Битола – Велес се укинува возот во 12:46 часот, а од Велес за Битола нема да вози возот во 15:25 часот.
Од „Железници – инфраструктура“ велат дека прекини ќе има и на релацијата меѓу главниот град и Велес. Така, од Скопје за Велес се укинува вечерниот воз во 22:40 часот, додека од Велес за Скопје нема да сообраќа утринскиот воз во 5 часот.
