Во главниот град во моментов има речиси 2 000 активни случаи
Од 132 новозаразени од денешната статистика на Министерството за здравство, 57 се во Скопје. Со ова вкупниот број на активни случаи во главниот град во моментов изнесува 1 986.
Од нив 214 сè уште не се распоредени по општини со оглед дека не се завршени епидемиолошките анкети, додека останатите поделени по општини, покажуваат дека Чаир останува на врвот со 417, а осум скопски општини имаат повеќе од 100 активни случаи.
- Чаир – 417
- Гази Баба – 158
- Аеродром – 148
- Сарај – 142
- Бутел – 134
- Карпош – 135
- Центар – 131
- Кисела Вода – 106
- Ѓорче Петров – 101
- Студеничани – 91
- Шуто Оризари – 75
- Арачиново – 53
- Илинден – 32
- Петровец – 18
- Чучер Сандево – 15
- Сопиште – 12
- Зелениково-2
- Странци – 2
