Погледнете го новото издание на емисијата „360 степени”, емитувано на 15 јуни 2026 г. на МРТ 1, во кое гостува потпретседателот на ДУИ и ексминистер во неколку ресори, Бујар Османи
„Мојата препорака до пратениците е, сум рекол, ако помине тој закон, не знам што ќе правиме понатаму. Пошто за мене после тоа ’потоп’, што би се рекло. Да најдат начин, да најдат филибастеринг, да најдат механизам да се одложи таа седница“, одговори потпретседателот на ДУИ, Бујар Османи, на прашањето – како ќе се постави партијата кон предлог-законот за соодветна и правична застапеност кој е во собраниска процедура. Османи, кој е гостин во новото издание на „360 степени“ на МРТ 1, го прашуваме и како треба да се толкува изјавата на лидерот Али Ахмети дека нема засекогаш да остане претседател на партијата и дека ќе им се приклучи на ветераните. Разговараме за обидите на ДУИ да се реформира и за моменталната моќ на партијата, која само вторпат од основањето е во опозиција. Неизбежни во интервјуто се и други теми од корпусот „етнички“, како и блокираниот европски процес.
