Општинските служби, како што пренесе весникот „Прототема“, веднаш реагирале и почнале со санација на дефектот, по што инстекувањрто набрзо било запрено и биле спроведени активности за чистење и дезинфенција на подрачјето
Поради истекување на канализација предизвикано од пукање на цевковод, воведена е привремена забрана за капање на локацијата „Акротири“ во Пефкохори, сооппшти Општината Касандра, објавија грчките медиуми.

Од општината соопштија дека вчера утро е пронајдена пукнатина во депресивниот канализациски цевковод Φ225 на Пефкохори.
Општинските служби, како што пренесе весникот „Прототема“, веднаш реагирале и почнале со санација на дефектот, по што инстекувањрто набрзо било запрено и биле спроведени активности за чистење и дезинфенција на подрачјето.
Надлежните служби, вклучувајќи ја и дирекцијата за јавно здравје и Центарот за унапредување на животната средина на регионалната единица Халкидики, биле известени за случајот за земање примероци и лабораториски анализи.
„Од првиот момент, надлежните служби и екипи на Општината беа веднаш мобилизрани и продолжија со потребните санации на штетата. По интервнеција на екипите, истекувањето беше веднаш запрено и санирањето на штетата е завршено“,
се вели во соопштението од општината, што го пренесува весникот.
Со одлука на заменик-гувернерот на Халкидики, забрана за капење е воведена во зона од 200 метри од двете страни на местото на истекувањето на локацијата „Актотири“ и ќе остане во сила сè до завршување на испитувањата на квалитетот на водата и проценката на резултатите.
Општина Касандра наведе дека се преземени сите неопходни мерки и оти ситуацијата континуирано се следи во соработка со надлежните служби.
