Според податоците на опсерваторијата, земјотресот е регистриран во 5:36 часот, а епицентарот потекнува од епицентралното подрачје Пештани–Охрид–Струга

Земјотрес со јачина од 3 степени според Рихтеровата скала утринава е почувствуван во југозападниот дел на земјава, информираат од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет (ПМФ) во Скопје.
Според податоците на опсерваторијата, земјотресот е регистриран во 5:36 часот, а епицентарот потекнува од епицентралното подрачје Пештани–Охрид–Струга.
Земјотресот е почувствуван од жителите на Охрид и Струга со интензитет од три степени според Европската макросеизмичка скала.
Земјотресот е регистриран и од Европскиот медитерански сеизмолошки центар (ЕМСЦ), каде се вели дека епицентарот е на 55 километри северно од Елбасан во Република Албанија и на 14 километри север-северозапад од Подградец.
#Earthquake (#земјотрес) possibly felt 34 sec ago in #RepublicofNorthMacedonia. Felt it? Tell us via:
— EMSC (@LastQuake) June 11, 2026
📱https://t.co/QMSpuj6Z2H
🌐https://t.co/AXvOM7I4Th
🖥https://t.co/wPtMW5ND1t
⚠ Automatic crowdsourced detection, not seismically verified yet. More info soon! pic.twitter.com/vYpjPT7gbV
Земјотресот бил на длабочина од 10 километри.
Од Сеизмолошката опсерваторија при ПМФ апелираат до граѓаните, доколку го почувствувале земјотресот, да придонесат во сеизмолошките истражувања со пополнување прашалник за почувствуваност што е достапен на веб-страницата на институцијата или да се јават на бројот 112.
